ГРК Охрид е победник на 53-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Во финалето, вечерва, Охрид ја совлада екипата на Бутел со 30:24 (полувреме 14:11) На 53-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески, го доби признанието за најдобар голман на турнирот, а за најдобар играч беше прогласен Анте Иванковиќ. Триумфот во Струга е одлична најава за Меѓународниот ракометен турнир Крсте ...

Денеска на програмата е првиот ден од силниот меѓународен ракометен турнир „Крсте Андоновски“ или Охрид 2025 (19.08-23.08.). Турнир кој за само некоја година постоење се промовираше во еден од најсилните ракометни манифестации на овие простори. Вчера беше одржана и прес – конференција, сите учесници си ги кажаа своите очекувања на турнирот, а промотор на турнирот е славниот Лино Червар. Мечевите се играат во салата “Билјанини Извори“ во Охрид. ...