Велешани, љубители на театарската уметност, во изминатите два дена чекаа во долги редици за да купат влезници за претставите на годинешното, петто, издание на Театарскиот фестивал „5РЕ“. И по цена од 300 денари влезниците се распродаваа за неколку часа. Иако најголем интерес имаше за премиерата на претставата „Тестостерон“ во режија на Синиша Ефтимов со која во петок на 27 март ќе биде отворен годинешниот „5РЕ“ како и за првото репризно ...
Со свечена атмосфера и голем интерес од публиката, во Велес беше отворено најновото издание на Фестивалот на комедија „5-РЕ“, кој и оваа година го потврди своето значење на културната мапа во земјава. Уште пред почетокот на програмата беше јасно дека фестивалот привлекува големо внимание, што најдобро го покажаа редиците за билети и интересот кај љубителите на театарската уметност. Отворањето мина во знак на силна театарска енергија, а ...

