По патеката на слободата – беше насловена денешната тура по повод 80 години од ослободувањето на Скопје. Активистите од Левица, партискиот подмладок Црвена Младина и Левичарскиот институт Рацин, посетија повеќе од дваесетина споменици, подигнати во чест на народните херои од НОБ. Во знак на незаборав на злоделата направени од бугарскиот фашистички окупатор, пред секој од спомениците, активистите потсетија за народно-ослободителната борба, ...
По повод 13 Ноември – 80 години од ослободувањето на Скопје од бугарскиот фашистички окупатор, на овој значаен јубилеј, политичката партија Левица ве повикува да ни се придружите на една уникатна пешачка тура низ спомен-обележјата од Народноослободителната борба (НОБ) во Скопје. Овој ден, кој ги потсетува генерациите на храброста и солидарноста на оние кои се бореа за слободата, ни дава шанса да ги прославиме и одново откриеме вредностите на ...