Високи или реални цените на денешниот пазар во Штип – граѓаните со поделени мислења, на некому скапи, на друг дел реални, ама и едените и другите категорични да се купи најосновто, компир, кромид, зелка, морков, мандарини и јаболка, колку да се помине седмицата. Денеска дополнително граѓаните купуваа и јапонски јаболка, бидејќи како што велат сега им е сезона. И денеска продавачите се жалат дека е слаба побарувачката. Велат и тие што купуваат, ...
Домашен ајвар, пинџур и жива салата пред нова година се продава на тезгата на чичко Данчо од селото Крупиште на штипскиот пазар, каде што купувачите сè почесто купуваат од него готово, наместо сами да подготвуваат. Традицијата полека се сели од домашните кујни на пазарните тезги. Недостатокот на време ги менува навиките на граѓаните. Домашното, чисто и природно, станува побарано и надвор од сезоната. Продавачот вели дека интересот не стивнува и ...

