Во текот на ноќните и раните утрински часови, силните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел од земјата предизвикаа серија свлечишта и одрони на повеќе критични делници. На итниот број 112 пристигнале повеќе пријави за земјишни одрони што го блокирале или загрозиле сообраќајот, особено на релациите Дебар – Струга кај местото Џепчиште и на патниот правец Кичево – Охрид, кај местото Извор. Според Центарот за управување со кризи, ...
Сообраќајот на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје е во целосен прекин од 08:40 часот утрово, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Како причина за затворањето на патниот правец е наведено појавување одрон на коловозот. Надлежните служби се упатени на терен и работат на расчистување за што поскоро нормализирање на сообраќајот. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

