Според Зеленски, овие операции се „целосно оправдан, фер и прецизен“ одговор на континуираните руски удари врз украинската територија. Тој најави дека покрај копнените енергетски капацитети, цел на најновите украински акции биле и танкери од руската „тајна флота“ кои сообраќаат во Црното Море. Серија силни експлозии одекнаа денеска во регионот на Ставропол на југот на Руската Федерација, откако украински беспилотни летала извршија масовен ...
Украински беспилотни летала погодија повеќе објекти од руската енергетска инфраструктура во Ставрополскиот крај, каде што избувнаа големи пожари и беше прогласена локална вонредна состојба. Според украинските власти и анализата на снимките од теренот, меѓу погодените објекти се три складишта за нафта во околината на Ставропол. Рускиот регионален гувернер Владимир Владимиров потврди дека нападот предизвикал пожари на индустриски објекти на две ...

