Американскиот претседател Доналд Трамп му приреди на светот влез во Новата година за паметење. Тоа што лани го навести, сега се гледа дека сериозно го посакува. Тој не ја исклучува можноста за стекнување на Гренланд со воена сила. Желбата на Трамп за Гренланд отвора проблеми за Европа и НАТО, Данска го предупреди да престане со заканите, Франција предупредува дека Европа е под закана од САД. Гренланд е вториот шок во неколкуте дена од оваа ...
Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд и доделување статус на сојузна држава. Со законот, на претседателот Доналд Трамп би му се дале овластувања да започне преговори со Кралството Данска и да преземе чекори за анексија или стекнување на територијата. Фајн изјави дека е „во интерес на целиот свет“ САД да воспостават суверенитет над Гренланд и дека ...

