Швајцарската мултинационална компанија „Нестле“ отвори нова фабрика за брендот Purina во градот Варжеао, во државата Санта Катарина, Бразил, со цел да го зголеми производството на влажна храна за кучиња и мачки. Фабриката ќе ја задоволи растечката побарувачка во Бразил – еден од најголемите пазари за храна за миленици во светот, со околу 110 милиони домашни животни. Инвестицијата изнесува 2,5 милијарди бразилски реали (околу 385 милиони евра) ...
„Хенкел“ го претстави новиот „центар за инспирација“ во Жундијаи, Бразил, во рамки на инвестиција вредна околу 232 милиони бразилски реали (38 милиони евра). Комплексот, кој се простира на површина од 5.000 квадратни метри, ќе служи како нов центар за истражување и развој за единицата адхезивни технологии во Латинска Америка. Новиот центар е поделен на управувачки дел, кој може секојдневно да прими повеќе од 100 вработени, и техничка зграда ...

