Под мотото „Не молчи-твојот глас може да прекине насилство“, во Делчево се одржа Јавна трибина на која говореа претставници од граѓанскиот сектор, од надлежните институции за постапување во случаи на семејно насилство, но и граѓанки присутни на трибината. Целта на овој настан беше да се говори гласно за овој проблем со цел да се прекине насилство, да се препознае и да се научи каде и како да се побара помош, но и за улогата на институциите и ...
Црната статистика и фемицидот го вклучува алармот во јавноста и затоа е потребно сите да говориме гласно за да се подигне свеста кај граѓаните, но и кај институциите, порача Анита Цоневска, директорка на Организацијата „Жена“. „Како заедница, секоја година посветено ја отвораме темата за родово базирано насилство и трагаме по одговори, ги детектираме бариерите и зборуваме за животот на жртвите и нивната иднина надвор од рацете на насилникот. ...

