Египет води на паузата меѓу двете полувремиња против големиот фаворит Аргентина, најпрво поради голот кој го даде Јасер Ибрахим, но најмногу поради голманското шоу на Мостафа Шобир. Африканците знаеја како да ја претворат во гол својата единствена стопроцентна шанса која ја создадоа, а откако рано поведоа, му „фрлија ракавица“ на светскиот шампион. Аргентина брзо се разбуди и создаде неколку стопроцентни шанси, но убедливо најголемата беше ...

Сонот на Аргентина за одбрана на светската титула останува жив, и тоа во ситуација кога светскиот шампион изгледаше дека е паднат на колена пред Египет. Африканската селекција се покажа како исклучително незгодна репрезентација за актуелниот шампион, но за Египќаните не се покажа како доволно ниту водството од 2:0. Првото полувреме донесе гол на Ибрахим и голманско шоу на Шобир во воведните 45 минути, бидејќи покрај тоа што му одбрани пенал ...