Делегирани судиите кои ќе делат правда на денешните натпревари од 25. коло на Првата женска фудбалска лига. Во Струга каде ќе играат Ас Јунајтед и Кочани, правдата ќе ја дели Димитар Левески, а ќе му помагаат Ангела Домазетовска и Николче Николовски, а пак Мендо Дивитаров ќе биде контролор. Мечот меѓу Речица и Топ Гол ќе го суди Вјолца Изеири, а нејзини помошници ќе бидат Дарко Јовчевски и Хабиљ Љиворека, а пак контролор ќе биде Орце ...

Тиверија Брера го доби дербито на 25. коло на Првата женска фудбалска лига откако со 4:2 славеше над Истатов во Струмица. Резултатот го отвори Ивана Илиева во 10. минута од мечот, а во 20. минута гостинот преку Радица Чонева израмни на 1:1. Сепак, до крајот на првиот дел Билјана Панеска со два гола обезбеди 3:1 на полувреме за Тиверија Брера. Во второто полувреме Теона Галабовска во 85. минута постигна гол за 4:1, а во 89. минута Елма ...