Нашите ангелчиња денес го најавија исусовото раѓање, со бадниковата поворка радост донесоа, сподели градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. „Да се радуваме на секој миг поминат заедно со нашите семејства, пријатели, најблиски, да ја пренесуваме љубовта на најмалите, да продолжат да ја негуваат вековната традиција“, истакна Стојкоски. Тој во објавата на Фејсбук порача секоја година да сме побројни и посреќни и Бог нека ...
И покрај дождливото утро, денеска во Кисела Вода силно ја почувствувавме празничната атмосфера и духот на Бадник, сподели градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. „Коледарчиња од нашата општина, со песна и насмевки, го најавија Христовото Раѓање и ја продолжија традицијата што со генерации се пренесува и се чува. Со задоволство ги пречекавме и ги дарувавме дечињата, како дел од обичаите кои нè обединуваат и нè ...

