Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против четири лица за убиството во Тетово пред неколку дена и за сите е одредена мерка 30-дневен притвор. Сепак, од четворицата осомничени, двајца се во бегство. Станува збор за Р.Т. (37) од Тетово, кој бил повреден во престрелката и пренесен на лекување во Скопје. Потоа, пријави биле поднесени и против 15-годишник од селото Гајре, за кој постојат основани сомневања дека го извршил ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – примање награда за противзаконито влијание. Според обвинителството, осомничениот во периодот од април до август годинава примил 10.000 евра за да, преку своето наводно влијание, интервенира во граѓански судски постапки пред Основниот и Апелациониот суд ...