Пожар избувнал во глисер закотвен во Охридското Езеро пред плажите помеѓу Лагадин и Елешец, на околу 30 метри од брегот. Инцидентот се случил утрово околу 11:30 часот. Повредени лица нема, во тек е интервенција на Професионалната противпожарна единица Охрид и Езерска полиција, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Истрагата треба да ги утврди приличините за пожарот. Ова е втор ваков случај оваа сезона во Охрид. Неодамна се запали ...

Утрово во полиција било пријавено дека кај автокампот „Елешец“ изгорел глисер кој бил закотвен во Охридското Езеро, соопшти МВР. Препорачано „Денеска (10.08.2025) во 11:22 часот, во СВР Охрид и езерската полиција, пријавено е дека во пловен објект глисер, укотвен во водите на Охридското Езеро, на плажите помеѓу населбата и автокампот Елешец на околу 30 метри од брегот, настанал пожар. Повредени лица нема, а во гасењето на пожарот интервенирала ...