Минатата 2023 година одбележа континуитет на сериозни предизвици и неизвесности како последица на низа фактори, вклучително и неповолните движења во поширокиот макроекономски амбиент и глобалните геостратешки предизивици и конфликти. Во такви услови, домашната економија забележа понатамошно забавување на економскиот раст изрззен преку растот на БДП, кој за 2023 година се очекува да биде на ниво под 2 %. Истовремено, по постигнатиот врв од 14.2 % ...
Во периодот од 01.01-31.12.2023 година, Банката од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 3.912,6 милиони денари наспроти 2.311,0 милиони денари во 2022 година што претставува зголемување за 69,3 %. Планираната добивка за 2023 година е остварена со 128,3 %. Данокот на добивка во 2023 година изнесува 331,2 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 3.581,4 милиони денари, или 66,6% повеќе во однос на минатата ...