Македонија вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ги надполни седумте голови негатива од гостувањето на Фарски Острови и да се пласира на Светско првенство. Фарски Острови имаа водство само на почетокот од средбата, по што Македонија го презема водството и стигна до предност од пет гола (15-10). На пауза заминавме со половина завршена работа и водство од 19:15. Тоа беше најава за голема победа и Македонија во второто полувреме одигра ...

Македонија одигра неверојатен натпревар и можеби го направи она што никој не го очекуваше. Во бараж-реваншот против Фарски Острови извојувавме голема победа од 34-26 и повторно ќе играме на еден голем ракометен собир. Во перфектната атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ момците водени од Кирил Лазаров го оставија срцето на терен и со пресврт ја анулираа предноста на Фараните. Жарко Пешевски беше перфектен од линијата за шест и имаше „осум од осум“, ...