Сан Антонио значително ја подигна формата откако играше финале во НБА Купот, па стигна до фаза да се бори и за првото место на Западот кое изгледаше сигурно за Оклахома. Спарси се на само три победи од Тандерси со натпревар помалку во НБА лигата, а рано утрово покажаа дека се во толку добра форма, што успеаја да го победат и најдобриот тим на Истокот на негов терен за деветти триумф во низа. Детроит останува сигурен како првопласиран во ...

Виктор Вембањама е лидер во импресивната серија на Сан Антонио, а на денот кога Спарси стигнаа до деветта победа во низа, францускиот „вонземјанин“ оствари и еден уникатен учинок. Детроит беше единствениот тим против кој Вемби немаше запишано ниту една блокада, но рано утрово во раната фаза оствари такво нешто, а до крајот на мечот запиша уште пет. Вембањама на овој начин само покажува дека е исклучително важен за својот тим и во фаза на ...