Денес дознаваме кои две екипи ќе учествуваат во завршната битка за, според нас во Спортска Станица, еден од најубаво изработените трофеи воопшто во светскиот фудбал. Реванш натпреварите од полуфиналето во Купот на Македонија се на програмата попладнево од 16:00 часот, а прашањето што виси во воздухот е дали фаворитите ќе си ја завршат работата или второлигашите подготвуваат историски шок? Четири тима влегуваат во решавачките 90 минути, а ...

Силекс и Шкендија Тетово ќе ги одмерат силите во големото финале на Купот на Македонија, откако прволигашките екипи ги добија денешните пресметки со ривалите од Втората лига, визирајќи си го билетот за големото финале. Силекс имаше нерешени 1-1 по првиот дуел со Охрид, но кратовци со денешниот триумф од 1-0 стигнаа до посакуваниот исход во овој двомеч. Тимот предводен од Александар Васоски одигра беспрекорно во одбраната, па два гола во 180 ...

По возбудливите полуфинални реванши, екипите на Силекс и Шкендија го обезбедија своето место во големото финале на Купот на Македонија. Двата прволигаши успеаја да ги оправдаат фаворитските улоги против храбрите второлигаши кои сонуваа за сензација, закажувајќи меѓусебна пресметка за престижниот трофеј на 20 мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Кратовци преку Охрид до ново финале Екипата на Силекс успеа да го совлада ГФК Охрид ...