Вработените во Народниот правобранител ќе добијат плати. Овластениот заменик-омбудсман Илбер Руфати добил зелено светло од Финансии. Неговиот потпис ќе важи и натаму. Но, тоа не значи крај за нивните проблеми. -Институцијата Народен правобранител веќе должи илјадници евра. Киријата не им е платена со месеци, а немаат пари ниту да си ги платат сметките за струја и вода. Најголем е трошокот за кирија, вели Руфати. -Негде од 60 до 70 илјади евра ...

Институцијата Народен правобранител е пред распаѓање поради политичките партии, зашто нема Бадентерово мнозинство во Собранието за избор на нов омбудсман. Вработените кажуваат дека институцијата нема платено 4 кирии за канцелариите на улица „Македонија” во Скопје кај што е сместено седиштето и најголемиот број од вработените, а секој месец фрчат опомени од страна на компанијата-сопственик на зградата. Ист е случајот и со Канцелариите на ...