Благовесна Фортомароска Милевска кардиолог во Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид. – Родендените се моменти кога се чувствуваме посебно. Среќен ден, би рекла, за нас и за сите околу нас кои ни значат семејството, пријателите…. На овој мој роденден сакам да се потсетиме на добрината, несебичноста, подадената рака, утешниот збор… Ова е тест на човечноста, секој на свој начин да ја побара во себе. Само така ќе успееме. ...

Родендените се посебни, благословени мигови низ кои треба да се потсетиме дека животот е вредна и скапоцена божја благодат и прекрасен подарок, кој нема реприза. Оваа година, својот дваесетти роденден го прославувам во Скопје, меѓу дел од семејството и своите колеги од Филолошкиот факултет. Би сакала да искажам голема благодарност до Публицитет.мк за укажаното внимание и чест; до моето сакано семејство и сите познаници за искрените честитки, ...