Од „Танец“, преку фолк фестивали до Филхармонија… Дојде денот кога се оствари сонот на маестро Милан Завков неговата музика да се слушне поинаку. А се случи вчера вечерта во Филхармонија на концертот наречен „Миланова игра“. Милан од 2023 година не е веќе со нас, но тука е неговото семејство иницијатор за концертот, чија идеја беше родена од желбата да се продолжи неговата замисла, која, за жал, тој не успеа да ја реализира. Голем виртуоз на ...

–Македонската музичка (фолк) сцена гордо му оддаде посебна почит на еден од најголемите чувари на народниот мелос, на маестро Милан Завков. Во преполната сала на Македонската филхармонија во Скопје се одржа концертот „Миланова игра“ (во извонредна организација на „Баги комуникации“). Всушност, свечената музичка вечер му беше посветена на композиторот, хармоникаш и аранжер Милан Завков, кој ненадејно почина на 7 февруари во 2023 година, ...