Поради маглата вчера на Меѓународниот аеродром Скопје имаше намалена видливост што резултираше во периодот од 00:00 часот на полноќ до 12 часот напладне, авиокомпаниите да откажат 20 лета и да пренасочат еден лет. Согласно временската прогноза од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во текот на денешниот ден. Добро утро, ви пишува Владимир Николоски од дигиталната редакција на „Блумберг Адрија“. Подолу петте вести што ги ...

„Ново Нордиск“ (Novo Nordisk A/S) доби одобрение да продава таблетарна верзија на својот хит-лек против дебелина „вегови“ (Wegovy) во САД, што претставува клучен чекор во напорите да го заштити својот пазарен удел од конкурентот „Ели Лили“ (Eli Lilly & Co.). Компанијата соопшти дека продажбата на таблетите во САД ќе започне на почетокот на јануари. Лекот е одобрен за помош при слабеење или за долгорочно одржување на веќе постигнатото ...