По резултатот на дербито во Аеродром и победата на Пелистер над МЗТ Скопје, познат е пласманот на екипите пред влезот на последното коло во македонската кошаркарска Суперлига. Јасно е дека ТФТ ја има пол-позицијата пред последните натпревари, затоа што МЗТ ги загуби шансите да го освои лидерското место. ТФТ во полуфиналната серија ќе се соочи со дебитантот Маџари кој заврши на четвртото место. Пелистер, пак, со победата го освои третото ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје со победа над Маџари ја завршија фазата на доигрување во македонската Суперлига (81-94), со што го потврдија второто место на табелата и полуфиналната пресметка со битолски Пелистер. „Металците“ беа во подобар ритам и одиграа солидна прва и трета четвртина, а на паузата резултатот гласеше 41-44. Малку посилниот налет во второто полувреме донесе покомотна предност за актуелниот шампион, кој на средината од последната ...

