Тензиите околу Иран растат. САД распоредуваат големи воени сили, а Трамп вели дека Иран има само уште неколку дена за договор. Геополитичките тензии го јакнат доларот, расте и цената на нафтата, а еврото и акциите паѓаат. И како да се малку овие тензии, Трамп отвори нов фронт. Во фокусот се вонземјаните за кои, според американскиот претседател, Барак Обама открил доверливи информации и, за да нема повеќе забуни, сега Трамп ќе декласифицира ...

Американските функционери ја прифатија црвената линија на Иран за продолжување со збогатување на ураниум, според неофицијалната Иранска студентска новинска агенција (ИСНА), која цитираше еден од дипломатите на земјата. Идејата дека Иран целосно би го запрел нуклеарното збогатување беше отфрлена за време на неодамнешните разговори со САД во Женева, според дипломатот, кого ИСНА не го идентификуваше, но го опиша како запознаен со дискусиите. ...