Двајцата војници на американската Национална гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа во среда се во критична состојба, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател, на прес-конференција, цитирана од агенцијата Франс прес. „Она што го знаеме е дека истрелите биле насочени. Се чини дека едно лице пукало кон овие членови на Националната гарда. Тоа лице е уапсено“, изјави градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, на истата прес-конференција. ...

Двајца припадници на американската Национална гарда се во критична состојба откако вчера беа застрелани близу Белата куќа во Вашингтон. Полицијата кажа дека пукал еден напаѓач, кој потоа бил совладан од други членови на Националната гарда. Доналд Трамп, кој во тој момент бил во Флорида, кажа дека напаѓачот е авганистански државјанин кој влегол во САД во септември 2021. Набргу потоа, САД ја суспендираа обработката на сите барања за имиграција на ...