(На очиглед, под прозорците на резиденците од МВР, Премиерот и Претседателот !!!) Пред ден – два, како, божем, нешто досега непознато и сензација, медиумите, пренесоа аналитичен текст на Охрид СОС, од каде потсетија дека “Компанијата на Сашо Мијалков продолжува да го гради спорниот хотел во “Горица”, потсетувајќи на историјатот, како тој изникна на една од најатрактивните локации на охридското крајбрежје, преку низа злоупотреби и заобиколувања ...
На социјалните мрежи, Охрид СОС, наметна топ – тема, со коментари: каде бевте досега, што молчевте, сега ли ви текна и слично, со барања надлежните министерства веднаш да ја сопрат истрагата, но, и да го истражат случајот, со цел, многу одговорни да завршат зад решетки, во рамките на акцијата по трагедијата во Кочани, која, некои ја дефинираат како ”Сабја”, алудирајќи на истоимената акција во Србија, на владата на Живковиќ, по атентатот на ...