Со години наназад се наталожуваат многубројни нерешени прашања, кои директно влијаат врз работата на такси-превозниците и безбедноста на патниците. И покрај многубројните укажувања и иницијативи, институциите сѐ уште не реагираат за надминување на проблемите. Ова го тврдат од Групацијата за авто-такси превоз на град Скопје, од каде што посочуваат дека револтот кај таксистите со право е многу голем, па поради тоа веќе се во постојан контакт ...
Скопските таксисти најавуваат можен протест ако институциите не реагираат на хаосот во такси-превозот. Тие предупредуваат дека во градот недостигаат возила, дел од таксиметрите се диво наштелувани, има такси-возила без лиценца и возачи што работат непријавено, додека граѓаните сè почесто се жалат дека тешко наоѓаат слободно такси и дека не секогаш знаат дали влегуваат во легално возило. Групацијата за авто-такси превоз на Град Скопје тврди ...

