Во ПЗУ „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на мутациите на гените одговорни за појавата на менингитис. Менингитисот е воспаление на мозочните мембрани кое ако не се лечи може да има тешки последици за заболените лица. Годишно се регистираат над 3 милиони случаи на заболени, а најголема опасност предизвикува бактерискиот менингитис. Менингитисот има голема стапка на морталитет и е поврзан со тешки неуролошки компликации. Mногу истражувања укажуваат ...

Кератоконусот (КЦ) е невоспалително нарушување на очите кое резултира со прогресивно оштетување на рожницата. Кератоконусот се манифестира со истенчување и испакнување на рожницата во вид на конус. Ова може да резултира со заматен вид, двоен вид, кратковидост, неправилен астигматизам и осетливост на светлина, а може доведе и до значително губење на видот. Кај заболените вообичаено се засегнати двете очи. Кератоконусот е наследна болест. ...

Ракот (карциномот) на белите дробови е болест во која одредени клетки во белите дробови стануваат абнормални, неконтролирано се размножуваат и притоа формираат тумор. Во раните фази на ракот на белите дробови обично не се забележуваат некои знаци или симптоми. Ако се остави без лекување, ова растење на клетките може да се прошири надвор од белите дробови во други делови од телото, преку метастазирање. Повеќето заболени од рак на белите дробови ...