На денот на нулта дискриминација, 1 март, Фудбалската федерација на Македонија објави специјално видео со силна порака за еднаквост, почит и прифаќање на различностите во спортот и општеството. Во видеото учествуваат голем дел македонски репрезентативци, кои испраќаат порака дека фудбалот е игра за сите и дека во тимот има место за секого без разлика на различностите. Од Фудбалска федерација на Македонија посочуваат дека преку ова видео ...

Фудбалот е најубавата игра на светот токму затоа што не треба да познава граници, пол, потекло или физички предизвици. По повод 1 Март, Денот на нулта дискриминација, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во соработка со УНИЦЕФ и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), објави прекрасна и емотивна видео-кампања која инспирира. Под мотото „Има место за сите во нашиот тим“, најголемите ѕвезди на македонскиот фудбал се ...