Сега сите го обвинуваме „системот“ што очигледно е толку штетен што ни ги избрка децата, а тие што останаа ги отепа. Ама, системот не е паднат од Марс. Тој систем не може да се смени со апатија и самосожалување. Ако на прашањето дали сакаме да живееме или да преживуваме избереме преживување, тогаш и заслужуваме да си продолжиме да се самосожалуваме, до следната несреќа. Сите знаевме, ама сега на најстрашен начин се уверивме дека во тој систем ...

1 Треба да изградиме два споменика како сеќавање на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која во пожар на 16 март загинаа 59-мина, речиси 200 млади луѓе се повредени, а некои од нив уште се борат за живот. Еден споменик со список на имињата на настраданите, меѓу кои и 6 деца. И друг споменик со список на сите законски процедури што биле прескокнати и со имињата на сите кои, дали со потпис, дали со нереагирање на очигледната ...