Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар му честиташе на релативниот победник на неделните парламентарни избори, Движењето Слобода, како и на сите партии што влегоа во парламентот, и ги повика што поскоро да седнат на преговарачка маса. Во објава на мрежата „X“ во неделата навечер напиша дека телефонски го побарала претседателот на партијата Слобода, досегашниот премиер Роберт Голоб, и лично му честитала. По парламентарните избори, Пирц ...

Кој ќе донесе 46 гласа за состав на владата, ќе го добие мандатот од претседателката на Словенија, порача Наташа Пирц Мусар ден по парламентарните избори, отворајќи ја клучната фаза од постизборните преговори во земјата. Нејзината изјава доаѓа откако гласањето на 22 март не даде јасен победник со парламентарно мнозинство, па наместо автоматизам по сила на изборниот резултат, тежиштето сега се префрла врз оној што прв ќе обезбеди стабилна ...