Домаќините од Битола и нивните гости и на затворањето на јубилејното 46. издание на интернационален фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“ поминаа по црвениот тепих пред влегување во големата сала на Центарот за култура во Битола, каде беа доделени наградите за најдобрите кинематографери.По црвениот тепих поминаа меѓународното жири на фестивалот кои одлучуваа за наградите – Денис Ленуар, Астрид Хојбрантнер, Валерио Карузо, Асја Крсмановиќ ...
Секоја година за време на одржувањето на фестивалот на филмската камера “Браќа Манаки“ во Битола се плете приказната за црвениот тепих кој се поставува и по него влегуваат битолчани и нивните гости на отворањето и затвирањето на фестивалот.Поминуваат гостите од странство, поминуваат наградените, глумците чии филм го гледаат битолчани, поминуваат многумина…Низ фотографиите на Сашо Ристевски ќе ви прикажеме кој се помина по црвениот тепих и како ...
На свеченото затворање на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола вечерва на Воли Фистер му беше врачена Специјалната награда Златна камера 300 за исклучителен придонес во светската кинематографија. Наградата му ја врачи директорот на фестивалот Димитрија Доксевски кој рече дека со голема радост му ја врачува оваа награда на човекот кој има срце поголемо од планина.-Овој генијален кинематографер, кој создава генијални дела и е еден од ...

