Грчките власти уапсија грчки воен службеник под обвинение за пренесување „тајни информации што би можеле да ја загрозат националната безбедност на земјата на трети земји“, објави онлајн изданието на весникот „Катимерини“, повикувајќи се на соопштение од Генералштабот на грчката армија. „Апсењето е извршено во воена зона, во соработка и координација со други државни служби. Дејствијата што се истражуваат вклучуваат собирање и пренесување ...
Високо рангиран грчки воен офицер, кој беше приведен вчера под сомнение за шпионажа, испраќал строго доверливи информации во Кина, објави грчката државна телевизија ЕРТ. Осомничениот бил командант на грчка воздухопловна единица во Кавури во близина на главниот град Атина, а друга грчка телевизиска станица, Скај, објави дека имал воен чин полковник. Според информациите цитирани од ЕРТ, тој имал пристап до особено чувствителни информации ...

