Ретко се случува клуб да пропаѓа на начин на кој му се случува на италијанскиот Трапани кој поминува низ вистинска агонија. По натпреварот против Хапоел во Лигата на шампионите на ФИБА, мораа предвреме да го завршат и натпреварот од италијанското првенство против Тренто поради недоволен број играчи. Натпреварот беше прекинат при резултат 26-11 за Тренто по само четири минути и шест секунди игра. Трапани дојде со само седум играчи, од кои само ...

Кошаркарскиот клуб Трапани и официјално е исфрлен од италијанското првенство. Познато е дека Трапани веќе подолго време се справува со сериозни финансиски проблеми, поради што играчите континуирано го напуштаат клубот. Сè кулминираше кога на натпреварот од Лигата на шампионите на ФИБА против Хапоел клубот се појави со минимален број кошаркари. За време на натпреварот, тројца играчи беа повредени, додека еден играч заработи пет прекршоци, па ...