Бугарија, заедно со Италија, Белгија и Малта, изразија резерви во врска со планот на Европската Унија да ги користи замрзнатите руски средства како основа за механизам за финансиска поддршка на Украина, соопштија владите во заедничка декларација. Четирите земји поддржуваат трајно замрзнување на руските суверени средства во ЕУ, но предупредуваат дека правната и институционалната рамка на предложениот механизам бара детална проценка, објавува ...

Чешката Република денес се придружи на групата земји кои се спротивставуваат на користењето на замрзнатите руски средства за да ѝ се позајми на Украина 210 милијарди евра, изјави новоизбраниот чешки премиер Андреј Бабиш. – Се согласуваме со белгискиот премиер дека Европската Комисија мора да најде други начини за финансирање на Украина. Нашите буџети се празни и секоја круна што ја имаме треба да биде насочена кон нашите граѓани, напиша Бабиш ...