Министерот за култура Зоран Љутков денес како учесник ја промовираше 26. Вардарска регата „Гемиџии“ 2026. – Пловам по Вардар, следејќи го патот на Гемиџиите, со длабока почит кон нивната храброст, идеалите и трагата што ја оставиле во историјата. Ова не е само пат по вода, ова е пат низ спомени, вредности и пораки кои и денес нè поврзуваат.Вардар не е само река, тој е врска меѓу луѓето, приказните и генерациите, објави министерот на ...
По трагите на старите велешки гемии, шеесетипет учесници на 26. Вардарска регата Гемиџии,тргнаа од Велес кон Солун. Патувањето по најголемата македонска река не е само авантура, туку и потсетување на времињата кога велешките трговци по Вардар ја носеле својата стока до солунските пазари. Денес, регатата ја продолжува таа традиција, промовирајќи ги природните убавини и историското наследство долж течението на реката. „Оваа манифестација има ...

