Прилепскиот тутунски комбинат на 34 пунктови, денеска почнува со откуп на тутунот од годинашнава реколта. Тутунарите ќе ги исплаќа два пати неделно. Ќе ги преземе договорените околу 2.300 тони тутун. Министерот за земјоделство Трипуновски вели дека сите откупни компании обезбедиле средства за исплата и очекува откупувачите да ги нивелираат цените по класи. Сите компании кога се склучуваа договорите имаат цени од 414 до 420 денари за килограм ...

Во прилепскиот Тутунски комбинат успешен старт на годинашната откупна кампања на тутунот. Првите тутунопроизводители, согласно договорите, уште од изутрина го носеа родот. Велат, засега се задоволни од проценката, кој се цени главно во прва класа и без одбитоци, но сепак, очекуваат повисоки откупни цени. „Годинава имаме некаде околу еден тон и 300–400 кила, тутунчево е квалитетно, значи исушено навреме, собрано, наводнувано со капка-систем. Сега ...

Прилепскиот тутунски комбинат денеска почнува со откуп на тутунот од годинашнава реколта на 34 пунктови, најави вчера министерот за земјоделство Цветан Трипуновски при неговата работна средба во Комбинатот. -Прилепскиот тутунски комбинат е подготвен утре да го почне откупот на тутунот од годинашнава реколта и ќе ги исплаќа тутунарите двапати неделно. Ќе ги преземе договорените околу 2 300 тони тутун, изјави вчера Трипуновски. Министерот посочи ...