Екипата на Вардар по подолго време одигра квалитетен меч и успеа да слави над Македонија Ѓорче Петров со 5-1 на соочувањето на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. „Црвено-црните“ имаа пад на формата од пресметката со Охрид во Купот, поточно од таа битка врзаа пет натпревари на кои не можеа да постигнат повеќе од еден гол се до попладнево кога испорачаа „петарда“ во мрежата на „лавовите“ и со тоа на најдобар можен начин го ...

Фудбалерите на Вардар остварија убедлива победа од 5:1 во малата градска пресметка против Македонија Ѓорче Петров, искористувајќи го киксот на Шкендија (пораз од Пелистер) за да се одлепат на три бода предност на врвот на табелата во ПМФЛ. Мечот на Националната арена „Тодор Проески“ помина во апсолутна доминација на „црвено-црните“, а посебен мотив за домашните играчи очигледно беше присуството на Кристијан Фабиани во ВИП-ложата. ...