Извлекувањето на добитниците на 30 вредни награди од овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ ќе се изврши во понеделник, 27 октомври, во 19 часот. Во соработка со Мега Продукција, извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на линкот. Доколку биде извлечен бројот на вашето талонче, истото треба да го приложите во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата. ...
Охрид, 27. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во годинашната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „За посреќно детство“ беа собрани 50.364 денари, средства што ќе бидат наменети за помош во лекување на деца од семејства во социјален ризик. Заблагодарувајќи се на сите оние кои учествуваа, ја помогнаа, поддржаа и реализираа акцијата, од охридскиот Црвен крст информираат дека денес во 19:00 часот ќе биде извлекувањето на ...

