Стефани Стефановска – Мурат, наставник по пијано во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” -Скопје и вокал на Дуо Дис. -Како што ни наложува ситуацијата, оваа година роденденот ќе го прославам во кругот на најблиските, односно родителите, сопругот и секако најважниот член Каин. Претходната година прво добро се одморивме, но и сфативме колку е важно само да сме здрави и сите на број, па од тука и мојата желба за празниците и овој роденден е сите да се ...

д-р Марјан Ѓуровски, Универзитетски професор на УКИМ во Скопје. Извор на мојата енергија е ќерка ми Ана, постојан советник жена ми Габи, мотив непријателите, поттик за професијата студентите. Годините те учат да знаеш да станеш кога ќе паднеш, зошто секогаш има падови, но и скокови во животот, зошто сепак Животот е убав и без препреки не е интересен. За да ја оствариме целта мораме да ги надминеме препреките. Проблемите се дел од равенката на ...

Славица Стевоска од Охрид. Работи во Млечен ресторан Центар Слаткарка. Цел живот бев активна во делот на маркетингот во медиумите низ градов, зад себе имам и естрадна кариера со настапи и награди на фестивали и турнеи во и надвор од земјава. Овој роденден е поразличен од сите претходни. Ќе го прославам со син ми и снаат и со внукот Лука кој за мене сега е центар на светот. 6 мај е Денот на Св. Ѓорѓи а тоа всушност ни е наша куќна слава. Доволно ...

Трајче Лазороски, дипломиран географ, кој пак, сега работи во нашиот град Охрид по втората професија, односно забен техничар. Во златната есен кога природата ја покажува својата душа и се обојува во шарено прекрасно руво, а убавите и сончеви денови ја привлекуваат секоја насмевка се наоѓа и месецот октомври и секако мојот роденден. Родендените претставуваат потсетник на времето и нашето битисување низ него, но воедно и потсетник кој ни’ ...