БИТОЛА – Три месеци по локалните избори во Битола поскапуваат комуналните давачки за повеќе услуги. Корекции ќе имаат сметките за ѓубретарина, гробно место, паркирање, градинка и старски дом. Ова е денешната жешка тема на која се дискутира во Советот на Општина Битола. Градоначалникот Тони Коњановски вели дека едно семејство со станбен простор од 50 квадратни метри ќе добие повисока цена за комуналии од само 70 денари. А за корекцијата на ...

Поскапеа давачките за ѓубретарина, гробно место и одржување, како и сместувањето во градинките и во старечкиот дом „Сју Рајдер“ во Битола. Поскапувањата на седницата на Општинскиот совет ги изгласа владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата и ЗНАМ, посочувајќи дека ова се умерени зголемувања за поефикасна работа на претпријатијата (кои веќе тонат во долгови), а директорите ќе бидат сменети ако не испорачаат резултати за ...