Орхан Муртезани, поранешниот министер за европски прашања денеска пред Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија во Собранието ќе ја претстави платформата за дипломатските активности на вонреден и ополномоштен амбасадор и шеф на Постојаната делегација на Република Северна Македонија при НАТО во Брисел. Македонски амбасадор во НАТО претходно беше Дане Талески, кому му престана мандатот во јануари 2025 година. Членовите на ...
Во Собранието денеска седници ќе одржат три комисии и тоа Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисија за финансирање и буџет и Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија. Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе го разгледува Предлог на закон за изменување на Законот за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни ...

