Министерката за образование Весна Јаневска има нова пресметка за студентскиот оброк, но студентите и натаму ќе ја добиваат старата сума. Според неа, усогласувањето со инфлацијата би го подигнало дневниот износ на 156 денари. Кога тоа ќе се случи, останува без јасен одговор. „Прорачуните што ние ги правевме на стапките објавени од Завод за статистика се, точно вчера проверив, тоа се 156 денари“, изјави Јаневска. Разликата е 16 денари дневно. ...
Според последната пресметка на Министерството за образование и наука (МОН), со усогласувањето со инфлацијата износот за студентскиот оброк би достигнал 156 денари дневно, што е покачување од 11,4 отсто во споредба со сегашните 140 денари. Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека пресметката е направена врз основа на стапките што ги објавувал Државниот завод за статистика. Според неа, законот оставал простор за различни толкувања, а за ...

