Ракометарите на Охрид го совладаа актуелниот шампион Еурофарм Пелистер 29:25 (13:11), во дерби натпреварот од 17 коло од Супер лигата. Во извонредна атмосфера што ја создадоа навивачите на двете екипи, Охрид потполно го надигра Е. Пелистер и сосема заслужено стигна до двата бода. Статистика ГРК Охрид: Пилиповиќ 12 одбрани), Стрмљан 2, Ојлески 4, Јагуриноски 3, Иванковиќ 1, Крсманчиќ 1, Тасески 2, Савревски 2, Лиапис 3, Петриќ 7, Ѓукиќ 4. Кај ...
Охрид славеше во дуелот со Е.Пелистер во ракометната Супер-лига, и му направи огромна услуга на Вардар во битката за титулата. Поразот на битолските зелени доаѓа неколку дена после големата победа над Вардар, и сцените покажуваат дека поразот тешко им падна на актуелните прваци. Особено сцената со Павле Атанасијевиќ е срцепарателна. Веднаш по сирената кадарот отиде кон Атанасијевиќ, кој не можеше да верува што се случува. Малкумина кои очекуваа ...

