Германскиот канцелар мора внимателно да ги бира зборовите. Додека Фридрих Мерц како лидер на опозицијата беше познат по своите остри изјави, сега тој претежно е воздржан. Сепак, неделава канцеларот даде изјава која привлекува внимание бидејќи нејзиниот досег е поголем отколку што звучи на прв поглед. На настан во Бранденбург во вторникот (14 октомври, 2025), тој рече дека неговата влада постигнала многу во однос на миграцијата и го намалила ...
Понеделник наутро, кратко по 10 часот во куќата Конрад Аденауер во Берлин. Откако го помина викендот дискутирајќи, меѓу другото, за тоа како да се справи со сè помоќната АфД, раководството на ЦДУ сакаше да ги презентира своите заклучоци. Дали „заштитниот противпожарен ѕид“ на ЦДУ/ЦСУ кон АфД стои или почнува да се распаѓа? Канцеларот Фридрих Мерц и генералниот секретар Карстен Линеман се приближуваат до микрофонот, изгледајќи свежи и фокусирани. ...

