Реакција на изјавата на Џевдет Хајредини: Почитуван господине Хајредини, Во порталот „Скопје1“ е објавена Ваша изјава во која, осврнувајќи се на моите зборови „Ми крадете од животот што не сте ми го дале“, велите: „Како што ти им крадеше од животот на штедачите на твојата банка.“ Искрено сакам да верувам дека оваа изјава не е Ваша или дека е пренесена надвор од контекст. Ве познавам долги години и досега никогаш не сум се сомневал во Вашата ...

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини одговори на реакцијата на бизнисменот Трифун Костовски, кој побара јавно извинување поради неговата изјава поврзана со случајот „Еуростандард банка“. „Г. Трифун, јас не гледам причина за извинување“, напиша Хајредини на социјалните мрежи Претходно, Костовски јавно реагираше на изјавата на Хајредини, кој, коментирајќи ја реченица на Костовски „Ми крадете од животот што не сте ми го дале“, ...