Македонија е влезена во фаза на силен инфраструктурен развој, започнуваме со изградба на брзата пруга на Коридор 10, од границата со Србија до границата со Грција. Ќе понудиме брз карго превоз до 200 километри на час и до 160 километри на час за превоз на патници. Со тоа целосно ќе ја трансформираме економијата, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на Самитот на министри за транспорт од земјите на Западен Балкан ...

За час и половина од Скопје до Солун на плажа. Брзиот воз кој ќе се движи со 160 километри на час се очекува да биде реалност за 5 години. Вицепремиерот Николоски од Солун порача дека Македонија но и регионот сериозно е попсветен на реализација на Коридорот 10, кој е врвен приоритет, не само во делот на первоз на патници, туку и на стока. Проектот ќе стартува во најбрз можен рок и ќе чини најмалку 2 милијарди евра. Финансирањето е обезбедено ...