Според најновата анкета нарачана од Фондацијата Метаморфозис, политичарите во Македонија продолжуваат да се перцепираат како еден од главните извори на дезинформации. Испитаниците ги рангираа нив веднаш по социјалните мрежи, а пред порталите, при што 81 отсто гледаат на политичарите како активни актери во ширењето на лажните информации. Дезинформациите и понатаму се една моќна алатка на политичката сцена: се користат за градење поддршка, за ...

Колку е поголем политичкиот интерес, толку е поголема тенденцијата за манипулирање со информациите, особено во земји со висока политичка поларизација, како што е Република Северна Македонија. Политичарите користат силни, поедноставени или искривени наративи за да ја поделат јавноста. Тие создаваат „внатрешен непријател“ или „надворешен непријател“ и користат емоционални изјави наместо факти. Ова ги прави нивните изјави поподложни на ...