Македонскиот анимиран филм “Златната пеперутка“ со препознатливите Биби и Боби на MIA Mercato Internazionale Audiovisivo (Меѓународен Аудиовизуелен Пазар) 2025 во Рим, Италија, еден од најзначајните европски фестивали за филм и ТВ индустрија, ја освои наградата MIA Development Award for Outstanding Animation Project. Филмот е во режија на Гоце Цветановски и е копродукција меѓу Македонија, Аргентина, Бразил, Колумбија и Шпанија, зад која стојат ...
Проектот за долгометражниот анимиран филм „Златната пеперутка“, базиран на ликовите од популарната анимирана серија „Светот на Биби“, ја освои престижната Награда за развој за извонреден анимациски проект на филмскиот и телевизиски пазар „МИА маркет 2025“ во Рим. Наградата во вредност од 5.000 евра е добиена во силна меѓународна конкуренција, а ја додели стручно жири составено од истакнати професионалци од европската и светската анимациска ...