Да се сакаме, да се почитуваме себеси, да си помагаме затоа што само тоа останува и сметам дека сега е многу убав период во кој навистина може да се свестиме за да си направиме да ни е поубаво, рече пијанистот со светска кариера Симон Трпчески на синоќешниот Новогодишен концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во придружба на Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ), ансамблот „Македонисимо“ и повеќе гости, а под диригентство на ...
Ќерката на македонскиот пијанист со светска слава, Симон Трпчески, Лара, по вторпат запеа со татко ѝ на неговиот новогодишен концерт, што се одржа синоќа во Арената „Борис Трајковски“. Препорачано Овојпат, Трпчески избра главно страсни латино композиции, а ќерката му се придружи во хитот „Feliz Navidad“ (Среќен божиќ). На половина од песната, запеајаа и Андријана Јаневска и баритонот Иван Наумовски, кои беа одличен избор на вокални гости на ...

